Се гради нова спортска училишна сала во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп

Во дворот на основното општинско училиште „Блаже Конески“ во Прилеп во тек се активностите за изградба на нова спортска училишна сала. Инвестицијата во висина од 23 милиони денари, издвоени од Буџетот на Општина Прилеп е со цел да се задоволат потребите на учениците кои учат во ова основно училиште, кое што досега не располагаше со сопствена затворена спортска сала.

„Ова повеќенаменско спортско игралиште, во дворот на училиштето, претставува значајна инвестиција во нашето образование и во физичкото здравје на нашите ученици.

Локалната самоуправа на општина Прилеп продолжува со посветена грижа за нашите ученици, инвестирајќи во нивното образование. Овој нов објект ќе овозможи правилно функционирање на физичкото и здравственото образование, што досега беше предизвик за оваа училишна заедница. Со овој проект, дефинитивно ќе ги подобриме условите за развојот на нашите ученици, осигурувајќи нивен правилен раст и здрав развој“, истакна градоначалникот Борче Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи