ВИДЕО – „When in Krusevo“ уште еднаш докажа зошто е најдобриот аутдор фестивал во Македонија кој има најбогата содржина


Планинарење, велосипедизам, кајак, sup, јавање на коњи, параглајдинг, забава на отворено, искачување по вештачка карпа, зип-лајн, адреналински парк, пукање со ласерски пушки во дисциплината биатлон и уште многу други активности.

Аутдор фестивалот „When in Krusevo“ и денеска уште еднаш докажа дека е најдобриот Фестивал од ваков тип во Македонија кој нуди најбогата содржина и најголем број активности. Посетителите велат дека Крушево е еден од најдобрите предели во нашата држава за развој на алтернативните форми на туризам, планински град кој нуди за секого по нешто.

Вечерва забавата продолжува во центарот на градот со настап на ДНК и диџеи, а утре во недела исто во Градскиот парк ќе има саем на локална храна и пијалоци, посета на музеи, како и инклузивен настан за подигнување на свеста за социјално ранливите лица и голем број дестки игри.

Погледнете како изгледаше денешниот ден во Крушево и што се им понуди овој Фестивал на посетителите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи