За ефикасно и брзо делување Општина Прилеп воведува нов телефонски број на кој што граѓаните можат да ги пријавуваат сите настанати дефекти и проблеми со кои што се соочуваат на територијата на општина Прилеп. Исто така повторно во функција е алатката на веб страната ПРИЈАВИ ПРОБЛЕМ на следниов линк:
https://www.prilep.gov.mk/prijaviproblem/
Досега функционираше пријавувањето на дефекти во приемното одделение и на посебни телефони за секој дефект, а ова се само дополнителни и поедноставни можности на еден телефонски број или со неколку клика на веб страната да се пријави се што претставува проблем за нашите сограѓани. Секој работен ден од 09-15 часот на телефонскиот број 075/385-705.