Се укинува Агенцијата за енергетика – надлежностите ги презема новото Министерство за енергетика

Facebook
Twitter
Email
Print

Со десет закони од областа на енергетиката кои денеска се на дневен ред на собраниската седница, новото Министерство за енергетика ќе стане оперативно, а ќе се укине Агенцијата за енергетика и управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати.

Надлежностите и вработените од Агенцијата за енергетика ќе преминат во новото Министерство, а надлежноста на управниот одбор на Агенцијата за задолжителни нафтени деривати ќе ги преземат новото Министерство за енергетика и директорот на Агенцијата.

„Агенцијата за енергетика нема повеќе да постои. Надлежностите и вработените ќе бидат превземени од Министерството за енергетика, а нема повеќе да има директор и Управен одбор. Во оваа насока, во Агенцијата за задолжителни нафтени резерви се разрешува постојниот управен одбор и повеќе нема да постои овој орган. Надлежностите на Управниот одбор преминуваат кај Министерството за енергетика и кај директорот на Агенцијата. Накратко, укинуваме два управни одбори, еден директор и една институција“, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предложените закони преминуваат кон новото Министерство и надлежностите од областа на енергетиката, рударството и минералните суровини што досега беа во рамки на Министерството за економија.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека опозицијата ќе даде поддршка на предложените законски решенија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи