Физички пресметки во Прилеп, искршени автомобили, за малку употреба и на огнено оружје



На 21.07.2024 во ОВР Прилеп, Ј.М. (50) од Прилеп пријавил дека околу 12.15 часот на ул.„Тризла“ во Прилеп и еден час подоцна пред неговиот дом на ул. „Дабничка“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од повеќе лица, од кои дел употребиле и метални предмети.

Исто така, на 22.07 2024 во 03.00 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(28) од Прилеп, син на Ј.М., пријавил дека С.В., В.А., Б.И., А.И., Б.Р., Р.Р., Д.И., Ш.Н. и уште неколку лица, сите од Прилеп, влегле во неговиот двор и со тврди предмети ги оштетиле возилата „лада“ и „фолксваген голф“, кои биле во дворот, а физички нападнале еден од неговите малолетни внуци. Како што е пријавено, С.В. и В.А. носеле и пиштоли, но не ги употребиле. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи