На 03.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во с. Кошино, прилепско, настанат бил пожар од спој на жици од електрична мрежа.
„Од извршениот увид констатирано било дека од пожарот изгорена е поголема површина на трева и грмушки, при што била зафатена и кровна конструкција од куќа сопственост на К.Љ. (76) од Прилеп. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. Повредени лица нема“, информираат од СВР Битола.
129