Во Прилеп во тек е одржувањето на Светското јуниорско првенство во воздухоловно моделарство на кое учествуваат 110 учесници од 16 држави. Според организаторите првенството поминува одлично, вчера беше првиот натпреварувачки ден во категоријата на едрилици, тоа е најтешката категорија за организација на овие натпревари поради начинот на кој што се стартуваат овие модели.
„Ако се каже дека немаше ниту еден приговор, ниту еден протест од било кој селектор или било која репрезентација може да бидиме задоволниод сето тоа како досега помона првенството. Резултатите се сумираа утрово од вчерашниот ден, а веќе денеска сратувавме со другата категорија F1B модели со погон на гумен мотор, учествуваа 12 репрезентации, врвните спортисти од цел свет се тука во оваа категорија која е исклучителна по својот начин на реализација и еве веќе после 3 или 4 турнуси, 4 натпреварувачки летови имаме 19 натпреварувачи кои ги исполнија условите за влез во четврт финале. Тоа значи 7 натпреварувачки турнуси, ќе летаме до 15.30 часот и сите оние кои ќе имаат освоено максимален број на бодови продолжуваат со летови червт финални, полу финални и финале после 18 часот. Ни претстојат да не речам летање до ноќе, исклучително напорен спорт, целодневен“, вели Здравко Тодороски, организатор на Светското првенство за јуниори во воздухпловно моделарство.
Целта во овој спорт е моделот да остане што е можно повеќе во воздух, односно да се задржи толку колку што пропишуваат пропозициите за секој турнус.
„Целта е што повеќе моделот да остане во воздух, односно летот е лимитиран. Првите два старта се по 4 минути, а наредните од 3 до 7 старт одиме со по 3 минути. Што значи ако сите 7 имаат максимално по 4 и 3 минути тогаш попладне одиме со четврт, полу финале и финале. А попладневните турнуси се со по 7 и 8 минути. Што значи полуфиналето и финалето се со подолг лет. Така што тоа е многу понапорно, времето е поветровито, така да моделите може и прилично далеку да заминат, односно и да не може да се пратат, да не се гледаат“, кажа Пеце Танески, судија на првенството.
Од Светската воздухпловната федерација велат дека се задоволни од организацијата и дека во моментов најголем проблем им е жешкото време кое го отежнува малку летањето во однос на пронаоѓањето на термалните столбови.
„Имаме добра конкуренција со добро време, тој дел е навистина лесен, но температурите се високи и тоа предизвик за младите за да ги пронајдат термалните столбови, тоа е најголем предизвик денеска, да се преживее топлината и да се најдат термите. Од друга страна времето е фантастично за овој настан.
Денеска е вториот ден од натпреварувањето, што може да очекуваме во наредните два дена?
Денеска летаме со гумењаците, а утре ќе имаме натпреварување во класата со мотори со внатрешно согорување, тие што се бучните, имаме 7 држави кои ќе летаат утре и 12 нации денеска“, истакна Пер Финдал, претседател на жирито.
Инаку ова не е прв пат во Прилеп да се организира натпревар од ваков висок ранг од овој спорт. Може слободно да кажеме дека Прилеп станува центар за развојот на воздухопловното моделарство и во поширокиот регион.
„Може само да се каже дека досегашниот тек на организацијата на првенството е перфектно организиран, располагаме Прилеп, воздухопловниот клуб „Фил Феникс“ како и воздухопловната федерација на Македонија располагаат со квалитетен судиски кадар, а од друга страна клубот „Фил Феникс“ располага и со организациски кадар кој што е во состојба да организира ваков вид на врвни натпревари“, додаде Здравко Тодороски, организатор на Светското првенство за јуниори во воздухпловно моделарство.
Овој спорт македонските воздупловни моделари се трудат да го популаризираат што е можно повеќе кај младите.
„Во последно време ние од охридскиот аеро клуб вложуваме големи напори за да го фаворизираме овој спорт во слободно летечки модели, а исто така и во класата F1B модели на гумен погон. Јас учесвувам како заменик селектор на македонската репрезентација и мојот помал син е репрезентативец, сега засега сме задоволни од него. Се надеваме дека до крајот на натпреварот ќе продолжи така. Се надевам во идно време ќе имаме и доста моделари ќе ги заинтригираме и се бориме да имаме што е можно повеќе моделари да можеме да ги вклучиме во овој спорт“, потенцираше Митко Цветаноски, помошник селктор на македонската репрезентација.
Првенството завршува во сабота кога свечено ќе бидат доделени и наградите за победниците.