ВИДЕО – Втор по ред Европски јуниорски џудо куп – Скопје 2024 – уште една одлична организација на ЏФМ



Во Скопје од 9 до 11 вагуст се одржува вториот по ред Европски јуниорски џудо куп – Скопје 2024, на кој што се пријавени за учество 269 натпреваручи од 26 држави и тоа 163 во машка и 106 во женска конкуренција. Македонската репрезентација брои 19 членови предводени од селекторот Александар Фузевски. На настанот присуствува и Катерина Родригез, потпретседател на Европската џудо федерација.

Македонија и лани го организираше овој куп и поради одличните оценки за организацијата кои што го доби од страна на Европската и Светската џудо федерација повторно на Џудо федерацијата на Македонија и се додели можноста да организира еден ваков настан од највисок меѓународен спортски ранг.

Погледнете дел од атмосферата и официјалното отворањето на овој настан.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира