Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп се отвори изложбата „Алегорични фрагменти“ на која со свои дела се претставуваат осуммина скулптори – Емил Солески, Елена Димоска, Методи Исков, Филип Перески, Марјан Стојаноски, м-р Маја Ралева Миладиновски, м- р Филип Јовески и Марта Макеска, членови на ДЛУП.
Носител на проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам, е Маја Р. Миладиновски.
Изложбата ја отвори Емил Солески кој посочи дека секој уметник со своето дело испраќа порака од друг агол.
„Секој од нас уметниците преку личниот печат кон современата уметност испраќаме порака со однапред конципирано вајарско решение.Делата се одраз на асоцијативни фрагменти полни со алегорија, исполнети со убаво“, рече Солески.