Искршен е споменикот кај селото Дабница, во месноста Дабнички Завој во близина на Прилеп, каде што бугарскиот фашистички окупатор на подмолен начин масакрира 18 македонски патриоти на 19 септември 1942 година.
Несовесни граѓани го оштетиле споменикот, а може да се забележат и траги кои наликуваат дека во него е пукано од огнено оружје. Загрижени граѓани до нас испратија фотографии од лице место и бараат надлежните органи да отворат истрага.
Инаку овој споменик беше возобновен во 2019 година, по повод 3-ти ноември Денот на конечното ослободување на Прилеп, после цели 17 години откако беше уништен.
Граѓаните до редакцијата на Инфо Компас испратија и фотографии од околината на споменикот каде може да се забележи дека целиот простор е претворен во дива депонија и огромни количини на ѓубре расфрлани на сите страни.
Целата слика не доликува за место каде се наоѓа Споменик посветен на оние кои загинале за Македонија.
142