Субвенцијата за хектар јачмен се зголемува од 6.000 денари на 12.000 денари – 3 денари повеќе и за килограм пченица

Facebook
Twitter
Email
Print

Во текот на вчерашната владина седница донесовме одлука за зголемување на субвенцијата и доделување на дополнителни 3 денари по килограм за производителите на пченица имајќи предвид регионалната конкуренција. Ние сакаме да ги задржиме бидејќи ова ни е стратешка култура и мораме да се грижиме за луѓето коишто се занимаваат со производство на пченица истовремено ќе додадам тука се и производителите на јачмен, изјави премиерот на Владата на новинарското прашање во врска со проблемот на производителите на пченица со откупот.

„Ако досега субвенцијата за хектар беше околу 6.000 денари, на вчерашната седница донесевме одлука да ја зголемиме двојно, односно да биде 12.000 денари, имајќи ја предвид ниската цена на откуп на јачменот од 9 денари по килограм, така што продолжуваме да ги поддржуваме сите оние коишто допринесуваат во насока на подобрување на условите за живот во Македонија. Тоа е она што е наш интерес и политика на оваа Влада“, рече Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи