Општина Прилеп: Пожарот започна да слегува и кон манастирот Св. Димитрија – Селце, и повторно кон Бонче



Денешниот ден на терен во областа на Мариово беше исклучително тежок и предизвикувачки поради големиот пожар кој, за жал, се прошири и се доближи многу блиску до населеното место Крушевица како и до манастирот Свети Никола во Прилепец. Вечерва ситуацијата дополнително се влоши, бидејќи огнот, поддржан од силниот ветер, се спушта кон манастирот Свети Димитрија во село Селце а повторно наближува и до населеното место Бонче, велат од Општина Прилеп, каде вечерва се одржа нова седница на Кризниот штаб.

„Ситуацијата во одредени моменти беше навистина алармантна, што не натера да објавиме апел до сите граѓани кои се чувствуваат подготвени да помогнат во активното локализирање на пожарот на најкритичните точки. Упатуваме огромна благодарност до сите екипи и доброволци кои со своите напори го спречија огнот да се доближи до објектите во населените места. Посебна благодарност и до екипата на Црвениот крст, која ја посети областа, доставувајќи храна и вода до жителите, особено во населените места кои беа без електрична енергија поради огнената стихија. Вечерва продолжуваме со координација на Општинскиот штаб за заштита и спасување за утрешниот ден, со насочување на екипите од противпожарните единици, Армијата, МВР, Национални шуми, воздушна поддршка, градежна механизација, медицинските екипи, доброволците и здруженијата, кон најзагрозените места каде што е најнеопходна нивната интервенција“, велат од Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи