ВИДЕО – Жителите на прилепско незадоволни од цените за експропријација на земјиштето за автопатот поведуваат судски постапки


Нови проблеми околу изградбата на автопатот Прилеп – Битола. Жителите чие земјиште треба да биде експропреирано за потребите на автопатот револтирани поради ниската цена која им се нуди за метар квадратен започнуваат судски постапки. Според Основниот суд во Прилеп тие во моментов се 62, а според ЈПДП 50. Но бројот секојдневно се зголемува. Според адвокатот Кирил Топчиоски кој застапува поголем дел од овие граѓани, тие не се против автопатот, само сакаат да им се плати реалната цена. Понудените надоместоци во атарот на село Тополчани биле 32 денари, а за областа кај селата Алинци и Беровци 70 денари за метар квадратен.

Жителите на овие населени места се незадоволни од вака понудените износи, сметаат дека се премногу ниски и дека тие износи не соодејствуваат со реалната вредност на земјоделското земјиште кое им се кеспропреира. На жителите на овие населени места им се одзема високо квалитетно земјиште, прва/втора/трета класа земјиште, притоа им се одземаат поголеми површини од неколку илјади метри квадратни на секој поединечно, сите жители на овие населени места примарна дејност им е земјоделието и тоа им е основен извор на приходи, поради што и се појавува одреден револт кај нив“, истакна Кирил Топчиоски, адвокат.

Жителите се жалат и на тоа дека земјиштето за екпропријација во Гостиварскиот регион се исплаќало по 10-кратно повисоки износи. Од ЈПДП велат дека проценката за експропријација се вршела од страна на Биро за процена, во  кое според Закон за процена се определува и цената. И дека во секоја катастарска општина имало утврдена цена од страна на Биро за процена согласно Закон за процена.

Според информациите кои ние досега ги имаме, во консултација на вешти лица од областа на земјоделието, вредноста на земјиштето кое се експропреира треба да е неколкукратно повисока од онаа која што е во овој момент понудена од страна на државата и на корисникот на експропријацијата. Затоа голем дел од земјоделците и жителите на овие населени места не постигнуваат спогодби со државата, ги одбиваат понудените надоместоци, а се надеваат дека во иднина во соодветна судска постапка пред надлежниот суд ќе имаат можност со изведување на соодветни докази за утврдување на вредноста на земјиштето, со вршење на нова проценка од страна на вешти лица, да добијат повисока и реална пазарна вредност на одземеното земјиште“, додаде Топчиоски.

За регионот околу самиот град Прилеп во моментов изведувачот вршел подготовка за изработка на основен проект за тој дел од идниот автопат и затоа експропријациите не се започнати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи