Ристески: Претходно им сметаа проектите затоа што биле од Марјан и ВМРО-ДПМНЕ, го закочија развојот на Прилеп со нивната нереализација


Благодарност на Владата и Локалната самоуправа ќе се овозможи реализација на еден прекрасен проект, кружниот тек кај Табана, кој за жал од претходната локална власт на чело со Илија Јованоски – Муцето од неоправдани и неразбирливи причини за сите нас прилепчани и посебно за Светска банка како главен финансиер на истиот, беше откажан и ставен во фиока, иако истиот беше оценет со највисоки оценки и прогласен за најдобар проект во Македонија, од самата банка. Напиша на својот ФБ профил Марјан Ристески, поранешен градоначалник на Прилеп и сегашен заменик министер за економија, откако Општина Прилеп соопшти дека еден од 4 проекти кои ги поднесла за финансирање до Министерството за локална самоуправа е токму овој проект.

„Истиот овој проект беше пред реализација (објавување на тендер), со комплетно обезбедени финансиски средства, 2 милиони евра “мек кредит”(позајмица), под неверојатно поволни услови за Општината, со само 1% камата, грејс период 3 години и рок на исплата 10 години, а после реализацијата на истиот и донација во висина од 630.000 евра со која требаше да биде финансиран друг капитален проект за Општината-изградба на две нови спортски сали во ОУ “Блаже Конески” и ОУ “Кочо Рацин”.

Но еве, благодарение на Владата и аплицирањето на ЛС, се надеваме на брза реализација на истиот , Прилеп ќе го добие долгоочекуваното решение на ова “слепо грло“ на градот- мостот т.н.“Табана” кој ќе овозможи:

  • непречен тек на: сообрајќајот, пешаците, велосипедистите, без огромен застој како до сега…
  • модерен и урбан изглед на централното градско подрачје
  • широка булеварска улица и респектабилен влез во центарот на градот
  • зелен појас, велосипедски патеки и модерно и економично осветлување…

Нека е закаснето, да не е заборавено. Сè шо е добро за градот треба да се прифати и реализира. На некои претходни личности му сметаа проектите затоа што биле од Марјан и ВМРО… НЕ господа, проектите се од градот и за градот, а со нивната нереализација го закочивте развојот на истиот“, потенцира Ристески во постот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи