ВИДЕО – Превкусното, традиционално мрсно, овчо сирење, на семејството Маркоски од Прилеп се бара низ Македонија



Семејството Маркоски од Прилеп со сточарство се занимаваат 25 години, а веќе 8 години чуваат околу 230 овци. Тие се членови на организацијата Slow food преку која Арбана Маркоска беше на саем за сирење во Италија, во Бра, каде се запозна со нови технолигии и нови видови на сирења. Маркоска потенцира дека нејзиното сирење било доста добро оценето во Италија бидејќи е мрсно и доста вкусно. Останува да произведува по традиционалниот рецепт, кој во моментов и е многу баран низ цела Македонија. Тие со свој изложбен штанд ќе бидат присутни утре на настанот Млеко 2024 – предизвици во сточарството кој од 10 часот ќе започне на платото кај Градскиот саат во Прилеп, во опрганизацја на Slow Food Prilep.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи