ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.А.(24), С.А.(41), С.А.(23) и С.А.(46), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 17.07.2024 на ул. „Гостиварска“ во Прилеп, пријавените физички ги нападнале Џ.Д. и нејзинитe малолетен син и малолетен внук и им нанеле повреди.