Државните возила ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја

Facebook
Twitter
Email
Print

Борба против злоупотребата на државните ресурси: Крај на лошите практики од минатото за користење на државни возила за приватни цели!, државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук директорот на службата за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР), Ивица Томовски.

„На денешната седница на Владата, на мој предлог, беше формирана комисија составена од СОЗР, Кабинет на Претседател на Влада на Р.М, Генералниот секретаријат, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Министерството за енергетика и Кабинет на Министерот за добро владеење, со цел да започне постапка за измена и дополнување на два важни закона за промоција на транспарентноста и владеењето на правото.

-Законот за користење и располагање со стварите во државна и стварите во општинска сопственост и

-Законот за возила, напиша Томовски.

Со овие измени ќе се воспостави регистар на сите државни патнички моторни возила кои ќе бидат обележани со регистарски таблици во посебна боја за полесно да бидат забележани од граѓаните.

На овој начин, веруваме дека ќе биде оневозможено нивното користење за приватни цели, со што дополнително ќе се зајакне транспарентноста и отчетноста на институциите на државата.

Остваруваме уште едно предизборно ветување“, истакна Томовски во својата објава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи