Вчера во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Иво Лола Рибар“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(59) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.