ВИДЕО – Ристески: „Есенската потрошувачка кошница“ се спроведува на терен, трговците се држат до обврската

Денеска стапи во сила последната од серијалот мерки насловени како „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со која на 73 неопходни производи од т.н. „Есенска потрошувачка кошница“ им се ограничи бруто профитната маржа на 10 проценти во трговијата на големо и 10 проценти на трговијата на мало, истакна заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

„Според информациите со кои располагам мерката се спроведува на терен, трговците се држат до обврската сите производи кои што се опфатени со оваа мерка да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд. Инспекциските служби се на терен, ја контролираат состојбата и сите недоследности и неспроведување на мерката ќе бидат санкционирани. Акцијата „Есенска потрошувачка кошница“ трае до 31 октомври и очекувам, исто како и со претходната одлука, да донесе добри резултати и намалување на цената на храна и безалкохолни пијалаци во просек за околу 10%“, потенцираше Ристески.

 

Денеска стапи во сила последната од серијалот мерки насловени како „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со која на 73 неопходни производи од т.н. „Есенска потрошувачка кошница“ им се ограничи бруто профитната маржа на 10 проценти во трговијата на големо и 10 проценти на трговијата на мало.

Според информациите со кои располагам мерката се спроведува на терен, трговците се држат до обврската сите производи кои што се опфатени со оваа мерка да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд.

Инспекциските служби се на терен, ја контролираат состојбата и сите недоследности и неспроведување на мерката ќе бидат санкционирани.

Акцијата „Есенска потрошувачка кошница“ трае до 31 октомври и очекувам, исто како и со претходната одлука, да донесе добри резултати и намалување на цената на храна и безалкохолни пијалаци во просек за околу 10%.

Posted by Марјан Ристески on Вторник, 24 септември 2024

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи