Амбасадорката на Украина во Македонија, Лариса Дир го посети Прилеп


Денес имавме чест да оствариме средба со амбасадорката на Украина во Република Македонија, почитуваната Лариса Дир, во рамките на официјалната посета на нашата општина, истакна денес градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

„Оваа средба беше одлична можност за да ја запознаеме амбасадорката со актуелните случувања во Прилеп. Ја искористивме нашата средба за да ги претставиме природните богатства со кои располага нашиот регион, како и нашите туристички и стопански потенцијали, кои нудат многу перспективи за идни соработки.

Ги истакнавме капацитетите кои општина Прилеп ги има за економски развој и можностите за взаемно корисна соработка на полето на туризмот, културата и стопанството. Во рамките на денешната посета на Прилеп имавме прилика да ја видиме Археолошката поставка во Завод и Музеј Прилеп и Галеријата на икони која што претставува уникатен бисер на нашето културно и црковно наследство.

Амбасадорката Лариса Дир пројави интерес и ја изрази својата подготвеност за понатамошно зајакнување на нашите меѓусебни односи преку различни проекти и иницијативи.

Искрено верувам дека воспоставувањето на дипломатски врски на ниво на Локална самоуправа, како и соработката со амбасадите во Република Македонија, ќе донесе позитивни промени за нашата општина и ќе придонесе кон просперитетот на Прилеп.

Ова е чекор напред кон создавање нови можности и зајакнување на нашата заедница во меѓународни рамки“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи