Маж од прилепско убил жена, па се самоубил во Словенија

Македонски државјанин (околу 30 години) по потекло од прилепскиот регион пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден, пишува Скопје 1.

Словенечката полиција посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.

Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.

На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи