Викендот што следи е нашиот настан Ramniste cave MTB 2024, втор пат по ред оваа година, лани беше премиерна, годинава одиме со второто издание. Настанот е дводневен, на 28 и 29 септември, во саботата е забавниот дел, има бенд и диџеј, има логорски оган, кампинг и забава, додека вториот ден, односно неделата е денот кога ја возиме и самата тура, истакна претседателот на здружението „Маркови Точакџии“ до Прилеп кои се организатори на Ramniste cave MTB 2024.
„Турата е 100% планинска, немаме асфалт, се посетуваат голем број на знаменитости и локалитети околу Прилеп, како Прилепското Езеро, планинарскиот дом Дервен кој што е изгорен, потоа се качуваме до Борула, селото Крстец и најбитното нешто, по што го носи и самото име е пештерата Рамниште, која сите посетители ќе можат да ја посетат, ќе биде целосно осветлена, да ги видат сите убавини. Турата е долга околу 35 километри со околу 900 метри елевација, односно висинско искачување. Ве покануваме сите љубителите на велосипедизмот и природата, како и сите кои сакаат да присуствуваат на нашиот настан, имате отворена покана да дојдите, да возиме и да се дружиме“, потенцираше Илиоски.
Повеќе за Ramniste cave MTB 2024 на следниот ЛИНК.