На 26.09.2024 околу 15.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М. (52) од Прилеп, вработен во Шумска полиција, пријавил дека, додека со негов колега чекале нарачани сендвичи во угостителски објект во Прилеп, Д.К од Прилеп незабележано му го извадил пиштолот од појасот и надвор од објектот ги испукал сите куршуми во воздух. Според пријавеното, тој веднаш му го земал пиштолот, при што Д.К. му се заканил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.