На 05 октомври во Прилеп ќе се одржи реномираниот Меѓународен турнир во џудо „Прилеп Град Херој-2024“


На 05.10.2024 сабота во Прилеп, во организација на ЏК Сеишин-Прилеп, со поддршка на ЏфСМ ќе се одржи 14-ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо „Прилеп Град Херој -2024“. Турнирот е за возрасните категории Деца ( У11), Помлади ПИОНЕРИ-КИ ( У13) и ПИОНЕРИ-КИ ( У15). Пријавени земји учеснички:  Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Црна Гора, Косово, Кипар, Шкотска и Македонија. Карактеристично за турнирот оваа година е тоа што за прв пат ќе настапат клубови од  Грузија, Кипар и Шкотска. Овој Меѓународен Традиционален Турнир се одржува по повод празникот 11 Октомври.

„Клубот и оваа година ја задржува традицијата за покана и присуство на турнирот на гости и Великани во џудо спортот претежно од поранешните југословенски простори кои во изминатиот период постигнале големи резултати во џудо спортот. Оваа година ќе има 3 големи џудо имиња од Р. Србија. Петок 04.10.2024 во 13.00 часот  активностите за турнирот започнуваат со официјална прес конференција за медиумите и јавноста која ќе се одржи во ресторант Алтан во Прилеп со почеток во 13.00 часот. Веќе во сабота свеченото отварање започнува од 10.15  а додека борбите ќе започнат во 10.30 часот“, потенцираат од ЏК Сеишин Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи