ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци
Креас - готвени јадења. Новоотворена продавница во Точила на веќе познатиот прилепски бренд.
Во КРЕМОНА ШОПИНГ ЦЕНТАР сега и ѕидни панели, вештачка трева, декоративни дрвца, трпезариски маси и клуб маси, компјутерски бироа и столици
Инфо Компас во соработка со Домот за култура од Македонски Брод го изработи документарниот филм „Смолата – традиција и лек“, финансира од Министерството за култура, каде се прикажани семејството Китаноски, од селото Требовље од оваа Општина, кои се едни од последните производители на нефт или терпентин не само во Македонија туку и на Балканот, па и пошироко. Терпентинот се произведува од боровата смола.
Автор и водител на документарниот филм е етнологот Милена Стојческа која заедно со главниот лик, Радивој Китаноски, го разработуваат целиот процес на изработка на нефтот од поставувањето на земјените лончиња на боровите, собирањето на смолата, па се до нејзиното варење, после кое се добиваат 2 производи терпентинот од една страна и останатата смола од друга страна.
Нефтот и смолата имаат најразлична употреба во хемиската индустрија, но може да се употребува и како лек. Ова била една од главните економски гранки во Поречието со децении. Китаноски се веќе 5-та генерација која се занимава со овој занает.
Погледнете го овој документарен филм за уникатното производство на терпентинот на традиционален начин кај нас.