Ве информираме дека почнуваќи од 01.10.2024 година, селектираниот отпад ( сува постапка – во ЖОЛТА КАНТА) ќе се собира на две недели. Деновите за собирање на отпaдни рециклирачки материјали остануваат исти по реони и улици. Зелената канта за мешан комунален отпад ќе се собира исто како досега, еднаш во неделата во истиот ден како и досега, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
„Европска практика е било кој отпад да се собира на две недели. Засега се воведува двонеделно собирање во месецот исклучиво на селектираниот отпад, додека не се започне и со одвојување на фракција од биоразградлив отпад.
Се замолуваат граѓаните кои имаат земено жолта канта од ЈКП,, Комуналец,, – Прилеп, а сеуште не се вклучиле во процесот на селекција, да започнат и да го селектираат отпадот. Подигањето на отпадот од зелената канта и жолатата ќе биде контролирано и секое мешање на отпадни корисни материјали одложени неправилно ќе се следи, односно граѓанинот ќе се едуцира, а потоа и опоменува како да го селектира отпадот.Граѓаните во жолтата канта можат да одлагаат( хартија, картон, ПЕТ амбалажа, пакувања од хемиски производи кои се користат во домовите, пакување од кечап и јогурт во пластична амбалажа, детски пластични играчки кои не содржат други примеси, лименка, боци, пластични гајби, ролетни и др). Доколку граѓаните имаат отпад од пластика кој е габаритен ( столици, маси, туби, пластични буриња и др. да ги остават до жолтата канта. Истите ќе бидат подигнати од комуналните работници.
Стаклена амбалажа да се одлага исклучиво во зелените звона( контејнери) поставени низ градот.
Доколку пак се работи за поголема количина на отпадна пластика – без примеси со количина над 1м3, и неможе да се собере со линијата за собирање на сува корисна фракција отпад( жолта канта) граѓаните да се јавуваат на тел: 048/428 992, и за нив ќе биде испратено возило.
Воедно, се замолуваат граѓаните жолата и зелената канта да не ги изнесуваат пред портите, туку да се во близина на влезот од дворовите. Комуналните работници се должни да ги подигнат кантите од дворивите (близина на порта) и истите коректно и без оштетување да ги вратат на местото.
Само заедно граѓаните и комуналните работници можат да ги исполнат таргетите кои ни се поставени од ЕУ во рециклирањето на отпадот и постигнување на бараните проценти на селектиран отпад“, велат од Комуналец.