Дел од цигарите поскапуваат за 10 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Цигарите Родео, Вест, Жаде, Давидоф на „Империјал тобако“ од вчера се поскапи за 10 денари, а во најава е поскапување и на цигарите од другите производители.

Причина се новите измени на Законот за акцизите, кој пак предвидува усогласување на македонската стапка на акцизи да се усогласи со европската минимална стапка на акциза.

Со ова, Владата очекува околу 13 милиони евра годишно во буџетот, а цените на тутунските производи ќе растат секоја година на 1 јануари. Така, ќе се постигнат стандардите на ЕУ до 2030 година.

Според Државниот завод за статистика, минатата година едно домаќинство купило 119 кутии цигари. Земјоделските семејства потрошиле дури 153 кутии. Македонија има меѓу најниските цени на цигарите во регионот, што ја прави водечка по бројот на пушачи.

Здравствените експерти предупредуваат дека пушењето го загрозува здравјето. Институтот за јавно здравје е загрижен поради високата стапка на пушење, бидејќи половина од возрасната популација во Македонија користи тутун.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи