Владиката Петар и уметникот Жарко Башески добитници на наградата за животно дело по повод 3 Ноември

По повод одбележувањето на 3-ти Ноември, или Денот на ослободувањето на Прилеп, Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, традиционално секоја година доделува општински награди и признанија “3-ти Ноември” како и награда за животно дело. Овие признанија и награди се доделуваат на физички и правни лица за достигнувања во општествениот, стопанскиот, културно-уметничкиот и политичкиот живот.

Оваа година награди за животно дело, Златна платека по повод 3 Ноември се доделува на:

  • Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски, господин Петар, за огромна ревност и одданост за верата, кој секогаш стоел и стои на браникот на националните интереси на нашата држава Македонија и православниот народ во неа
  • Жарко Башески, македонски скулптор, професор, уметник, кој неколку децении го промовира својот роден град Прилеп

Награди плакети по повод 3 Ноември се доделуваат на:

  • „Прилепска пиварница“ за 100 годишно постоење во општествено економскиот живот во Прилеп
  • Основно општинско училиште „Климент Охридски“ Прилеп за постигнати успеси во воспитно-образовниот процес и реализирани проекти
  • Друштво за производство, трговија и услуги „ВИК Македонија“ ДООЕЛ с. Алиници, Прилеп, општествено одговорна компанија
  • Ликовна колонија „Дрен“, повеќегодишно меѓународно уметничко творештво
  • „Матадор“, успешна и општествено одговорна компанија
  • „Научен институт за тутун“, за научноистражувачка, образовна, апликативна, производна и издавачка дејност
  • „Мариовско-мегленски средби“, за успешно реализирани настани од областа на културата и фолклорот
  • Фудбалски клуб „Братство“ Големо Коњари, за постигнати резултати и придонес во спортот
  • Центар за развој и едукација Прилеп, за успешна реализација на услугата „Помош и нега во домот“
  • Австралиско-македонско друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј, за негување на традициите и донации за најмладите во спортот

Награди дипломи по повод 3 Ноември им се доделуваат на:

  • Марјан Јованоски, солист, првенец во Македонска опера и балет
  • Јован Аврамоски, за пожртвуваност и посветеност во областа на заштитата и спасувањето
  • Љупле Петрески протореј, за придонес во општествениот, културно-уметничкиот и духовниот живот во Прилеп
  • Трајче Зуљамоски, педагог, спортист, волонтер и хуманист
  • Ивана Атанасоска, Светска олимпијада по геонаука
  • Билјана Тинтоска, успех во воспитно-образовната дејност и книжевна дејност
  • Елена Ртоска, за особен придонес во развивање на екстремните спортови
  • Никола Павлески, младински првак во шах

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира