ВИДЕО – За да се отвори градинката во „Точила“ се чекаат одобренијата за вработувања, градинка се планира и на „Рид“


Советот на Општина Прилеп донесен одлука за отпочнување со работа на новата градинка во населбата Точила која се гради уште од 2021 година. Градинката чинеше 133 милиони денари, пари обезбедени исклучиво од општинскиот буџет. За конечно и финално отпочнување со работа сега се чекале уште одлуките за вработување на 32 лица, воспитувачи, негуватели и технички персонал кои треба да ги потпишат Министерството за труд и Министерството за финансии.

„Нашето барање е за 32 лица во претходен договор со Министерството со што ќе работат 11 групи за воспитувачи и негуватели и технички персонал, персонал за во кујната. Проектираниот капацитет на објектот беше 250 деца, но решението кое ќе го добиеме од Министерството ќе биде за 218 деца, затоа што 2 од занималните ќе се користат само за спиење, а не и за престој на деца“, изјави Христина Трпческа, директорка на градинки „Наша иднина“ во Прилеп.

Со отворањето на оваа градинка се очекува скоро целосно да се реши проблемот со долгата листа на чекање на деца кои со години сакаат да бидат запишани во прилепските градинки но немаше место. Нова помала градинка се најавува да започне да се гради и во населбата „Рид“.

„Се надевам дека за брзо време доколку го стигнат урбанистите идејното решение, но не само идејно решение, ќе треба и готов основен проект, се надевам дека ако со тоа се успее до Нова Година со тој проект да се аплицира на повикот од Влада кој што е за финансирање на капитални инвестиции“, истакна Ирена Стерјоска Локвенец, претседател на Совет на општина Прилеп.

Инаку новата градинка во населбата Точила е втора градинка по големина во Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи