Предлог законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија е на дневен ред на денешната седница на собраниската комисија за надворешна политика.
На седницата треба да бидат разгледани и предлог – законите за ратификација на конвенцијата за ноќна работа и на спогодбата меѓу владата на Македонија и владата на Обединетите арапски емирати за редовен воздушен сообраќај меѓу и вон нивните територии.
Во Собранието денеска седници треба да одржат законодавно-правната комисија и комисијата за надворешни работи.