Со претставата „Рибарот и рипката“ се отвори мултифункционалната сала во општина Кривогаштани

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци

Со претставата „Рибарот и рипката“ во изведба на театарската група Колозов, денес се отвори Мултифункционална сала во општина Кривогаштани. Прекрасната приказна и беспрекорната глума на актерите Владо Дојчиновски, Пируника Киселички, Дубравка Киселички и Давид Илич предизвикаа радост и насмевка на детските лица во преполната сала.

„Ова е само почеток на многу културни настани кои во претстојниот период ќе се случуваат во општина Кривогаштани. Мултифункционалната сала во општина Кривогаштани е проект на Општината создаден со цел да заживее културниот живот во руралните средини и во иднина ќе промовира културен континуитет како важен елемент за опстојување на културата низ руралните средини“, велат од Општината.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

ЕУРО ГЛАС ТРЕЈД ПРИЛЕП над 20 години заедно со Вас - најдобрите ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци