ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против С.К.(54) и Т.В. (38), двајцата од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
На 19.10.2024 во угостителски објект во Прилеп пријавените упатувале закани по живот на вработена во објектот и на нејзиното семејство.