Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата за неплатени обврски по тие основи, а заклучно со 2023 година.
„Напоменуваме дека, во тековната година, Општина Прилеп испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијатa на Општина Прилеп. Од причини што рокот во кој што требаше да се изврши плаќање на доставените опомени е изминат, Општина Прилеп започна со изготвување на Решенија за присилна наплата кои што ќе ги достави до даночните обврзиници и носителите на платен промет (деловните банки).
Со цел да се избегне блокирање на сметките и непотребни трошоци, сите обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, потребно е итно (заклучно со 30.11.2024 година) да ги подмират своите обврски“, истакнуваат од Општина Прилеп.
62