Вечерва концерт на Александар Јовевски од Монистра во Цепенков

На 12.11.2024, вторник од 20.00ч. во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи целовечерен концерт на Александар Јовевски, композитор, аранжер, инструменталист (кавал,тамбура) и музички лидер на етно составот Монистра, како и дел од речиси сите етно проекти во државата.

„Од колено на колено“ e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со клавијатури. На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4 обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола, Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски композиции творени во духот на македонската традиција но со нов музички израз и тоа: Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

Концертот е поддржан од Министерството за култура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи