На 16 ноември 2024, сабота од 12.00 часот во кино Мис Стон ќе се одржи проекција на филмот „Дури и глувците одат во рајот“, во режија на Јан Бубеничек и Дениса Гримова. Филмот е од 2021 година и е синхронизиран на македонски јазик
Кратка содржина:
Филм за двајца смртни непријатели – малото глувче Визи и лисицата Вајтбели кои по еден несреќен настан се среќаваат во животинскиот рај. Тие ги губат своите природни инстинкти и стануваат најдобри пријатели. Нивната желба да останат заедно откако ќе се вратат на земјата се остварува, но тие повторно се раѓаат во спротивни улоги. Благодарение на моќта на пријателството тие можат го надминат дури и она што се чини дека е невозможно.
Влезници за филмот можат да се набават на билетарницата од киното Мис Стон во петок од 10 до 12.00 ч. и во сабота – еден час пред почеток на проекцијата на филмот!