Женскиот хор при ООУ „Климент Охридски“ ја продолжува својата соработка со пејачката секција која функционира во рамки на здружението „Преродба“. Овој пат тие ја отпеаа позната македонска песна „Отвори ми бело Ленче“.
„Песната што ќе ја слушните денес е вистински бисер на музиката. Низ неа нашите ученици го сполотија својот талент и емоција, создавајќи нешто што допира до самото срце. Секој тон, секоја нота ја пренесува не само музиката туку и душата на учениците. Убавото пеење не се сведува само на совршена изведба, туку на искреното и длабоко поврзување со тие што слушаат. Оваа песна е како мост помеѓу младоста и искуството на музиката и емоцијата во нас. Нешто што не не остава рамнодушни. Голема благодарност до нашето верно здружение „Преродба“, музичката група „Тајфата“, наставникот Бојан Митрески и ментор наставник Маја Џопа“, вели директорот на ООУ „Климент Охридски“, Ахил Јаков.
Песната што ќе ја слушните денес е вистински бисер на музиката. Низ неа,нашите ученици го сполотија својот талент и емоција, создавајќи нешто што допира до самото срце. Секој тон, секоја нота ја пренесува не само музиката туку и душата на учениците. Убавото пеење не се сведува само на совршена изведба, туку на искреното и длабоко поврзување со тие што слушаат. Оваа песна е како мост помеѓу младоста и искуството на музиката и емоцијата во нас. Нешто што не не остава рамнодушни.
Голема благодарност до нашето верно здружение “Преродба”, музичката група “Тајфата” наставникот Бојан Митрески и ментор наставник Маја Џопа.
Уживајте ❤️❤️❤️🇲🇰🇲🇰🇲🇰❤️❤️❤️Posted by Ахил Јаков on Четврток, 14 ноември 2024