Двајца прилепчани измамени при посредување за работна виза за Германија

На 18.11.2024 во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека во август и септември 2024 година биле измамени од едно лице.

Според пријавеното, преку вибер контактирале со лицето за посредување за работа во Сојузна Република Германија и притоа во повеќе наврати уплатиле пари на сметка на лице од Скопје. Како што е пријавено, до пријавувањето не добиле работна виза, а од пред една недела лицето престанало да комуницира со нив, по што сфатиле дека се измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи