Приведено лице од село Црнилиште поради употреба на исправа со невистинита содржина

На 19.11.2024 во 10.25 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Табановце го лишиле од слобода А.С.(38) од с.Црнилиште, општина Долнени, поради сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина “  по член 380 од Кривичниот законик.

На влез во државата била извршена контрола на патничкото возило „мини купер“ со швајцарски национални ознаки, со кое патувал, при што било констатирано дека ВИН бројот на возилото не се совпаѓа со ВИН бројот во сообраќајната дозвола на возилото.

Лицето и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. По  целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи