Пробацијата и условни осуди односно отпусти со заштитен надзор се единствената алатка која во моментов може да помогне за намалување на пренатрупаноста на затворите низ Македонија. Во моментов буквално се бара место повеќе за оние кои треба да отслужат казна. Во тек е кампања која би ги охрабрила судиите да носат повеќе условни осуди со заштитен надзор, со кој не само што ќе се растеретат затворите, туку и ресоцијализацијата на осудениците ќе биде поголема. Во тек била и набавката на заштитни алки кои ќе ги носат осудениците.
„Условно отпуштените осудени лица ќе им се овозможи да по излегувањето од затворот, пред истекот на казната пробациските службенции им помогнат или да најдат работа или доколку претходно биле зависници да ги упатат на лекување, да се снајдат во средините“, истакна Билјана Коцеска, судија од Основен кривичен суд Скопје.
„Распипан и во тек е тендерот за алките и конечно јас сум дефинитивно опстимист дека на почетокот на идната година може огромен број на затвореници да не се повеќе во затвор“, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување на санкции.
Во оваа насока организациите како СТАНИЦА ПЕТ и Здружението на млади правници на осудените лица им нудат разни бесплатни правни услуги и психосоцијална помош, како и полесно вработување.
„Во таа насока беа обезбедени 100 услуги на осудени, поранешно осудени лица и лица спрема к,ои се извршуваат овие пробациски работи, 30 осудени лица беа обечни за меки вештини, а исто беа склучени 5 меморандуми за соработка со локални институции и 2 со бизнис секторот“, рече Христина Здравеска, здружение СТАНИЦА ПЕТ.
„Да може да се изрекуваат повеќе условни отпусти со заштитен надзор, да може повеќе да се користи пробацијата, бидејќи ако повеќе се во затвор само повеќе ќе се зголемува и нивната инфицираност во самиот затворски систем со други криминали кои се внатре присутни и нема да е постигне ништо“, додаде Ирена Здравкоска, Здружение на млади правници.
Кампањата за помалку затворски казни и давање на се погоелма шанса на пробацијата ќе продолжи и во низ други градови низ Македонија.