За да се заштитат работничките права во Пелагонискиот регион во тек е реализација на проектот „ПРИСТОЈНА РАБОТА ЗА ЖЕНИ РАБОТНИЧКИ – СОЦИЈАЛНО УЧЕСТВО И ЗАЈАКНУВАЊЕ“, кој што е финансисран од ЕУ, а во реализација на Здружението на бизнис жени и Фондацијата МИР. За тоа како тече досега овој проект и што се случува на терен околу прекршувањата и заштитата на работничките права разговаравме со Талија Петреска, правен советник во Пелагонискиот регион, која што е дел од овој проект.
За жал и во 21 век работничките права во Македонија се кршат како да станува збор за робовладетелско општество, дури имавме и случај каде пред неколку месеци во една битолска текстилна компанија инспекцијата откри 30 работнички кои таму работеле заклучени како во кафез, па мораше да асистира и полицијата.
Според Петреска и денес имаме случаи каде работничките немаат Договор за вработување, работодавецот не им го дава и тие не знаат дали се вработени на неопределено или определено време. Има голем број на случаи каде потпишале Договор за едно работно место, а се ангажирани потоа за сосема друго работно место. Работничките со високо образование се ангажирани на места каде по степен на образование не би требало да бидат. Како и кршење на ред други права кои во другите земји веќе се почитуваат со децении, а ние наместо напред одиме назад.
Петреска потенцира дека се уште на пазарот на труд има дискриминација помеѓу мажите и жените, а жално е што за голем број жени поимот пристојна работа значи само пристојна плата, а не и сите оние други параметри кои треба да ги има, а се во насока на заштита на жените и нивна недискриминација на повеќе полиња.
071226443 – е телефонскиот број на Талија Петреска која може да ја контактирате и да добиете бесплатна правна помош.
Повеќе на оваа тема погледнете го видеото.