Интересен и редок настан кој се организира само во Прилеп – „Фолклорна предновогодишна забава“ за сите сегашни и поранешни играорци


Феноменална забава и дружба со многу народни ора и песни за сите играорци, ограорки, музичари, пејачи, пејачки и за сите љубители на фолкорот и традицијата. Интересен и редок настан, кој се организира само во Прилеп веќе 18-та година по ред „Фолклорна предновогодишна забава“, каде се собираат сите сегашни и поранешни играорци. Сите стануваат да играат кога ќе започне музиката, а седнуваат кога истата ќе заврши.

На 14 декември во 20 часот, ресторан „Центар“ во Прилеп и Форум бенд. Мени карта 1.200 денари, а ќе има и богата лотарија.

Информации и резервации на тел. 078430183 Жарко и 071320249 Горан.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира