На 6 декември 2024, петок во 20 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, премиерно ќе биде изведена претставата „По име Господин“, во режија на Борис Василески.
„Идејата да се отфрлат општествените правила и да се живее живот надвор од капиталистичките и потрошувачки рамки – и тоа денес, во Западниот свет – тоа, за волја на вистината, се граничи со апсурд. Но за Господин, апсурдни и бесмислени се бесконечните наметнати потреби и норми на денешното живеење кои ги трошат и ги обезвреднуваат нашите животи. Преку глава му е од сѐ, па решава да се ослободи, да живее едноставно и да достигне апсолутна индивидуална слобода и независност, надвор од „капиталистичката работничка мелница“. Ниту прифаќа да работи, ниту да користи пари. Неговата идеја е радикална, но тој не гледа друга можност за себе. За да се издржува, во подрумот сместува еден необичен придружник – лама, која му помага да се одржува во живот без да се предаде на бескрупулозното секојдневие и материјализмот.“
Режија: Борис Василески
Драматургија: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Серафим Чернит
Дизајн на светло: Бобан Смилкоски
Играат:
ГОСПОДИН – Димитар Ѓорѓиевски
АНЕТА, МАЈКАТА – Даниела Иваноска
ЕНДИ, КАРЛ ЕНГЕРЛИНГ, ПРВ ИСЛЕДНИК – Михајло Миленкоски
НОРБЕРТ, ХАЈО – Дарко Карбески
СИЛВИЈА, ВТОР ИСЛЕДНИК – Наталија Ристеска
Инспициент: Елена Иваноска
Суфлер: Лилјана Батлеска
Тон мајстор: Томе Темелкоски
Светло мајстор: Ристе Гркоски
Светло оператер: Бобан Смилкоски
Сликар исполнител: Пеце Ристески
Реквизитер: Гоце Тодороски
Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска
Фризер-перикер: Даринка Богоеска
Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски