ВИДЕО-Ристески: Ова е историска шанса компаниите да покажат општествена одговорност со Ногодишната кошничка која сами ја направија


Оваа новогодишна кошничка е многу поразлична од претходните пред се затоа што е креирана од страна на бизнис секторот од страна на стопанските комори каде влегуваат производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало. Така што тие самите ја понудија палетата на производи која што ќе биде со намалени цени и ќе влезе во оваа потрошувачка кошничка, истакна денеска заменик министерот за економија, Марјан Ристески.

„Интересот е многу голем, после најавата на Владата и премиерот, секој ден имаме пријавување на нови и нови фирми и отворена кошничката, така што сите можат да се пријават со свои производи кои ќе бидат намалени и ќе бидат понудени за новогодишните празници на граѓаните, односно на купувачите. Бројката почетна беше околу 650 производи , сега таа е околу 713 производи или 63 компании кои учествуваат во новогодишната кошничка.

Да напоменам и тоа дека како ќе се навигираат граѓаните за кои производи се намалени сите ќе бидат означени со налепници на кои ќе пишува „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ и исто така на секој производ ќе биде истакната претходната цена и цената после намалувањето за да визуелно видат граѓаните колку се намалени тие производи.

Исто така се опфатени сите групи на производи, но не сите производи во група, како што беше претходно, туку оние производи кои ги имаат понудено самите компании. Граѓаните сите информации за тоа кои производи од кои компании се намалени и во кои маркети можат да ги видат на страната mojakosnicka.mk каде што со кликнување на самите икони од страна на граѓаните излегуваат сите производи кои се намалени, а влегуваат во новогодишната кошничка.

Секој ден има нови и нови компании кои се јавуваат. Еве да упатам еден отворен повик и апел до сите производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало, слободно може да се вклучат да ја збогатат кошничката, да претставувааат општествено одговорни компании кои ќе ги понудат своите производи, кои се карактеристични за празничната трпеза на едно просечно македонско семејство. Кошничката ќе трае од 15 декември до 15 јануари, тоа е акција која ја спроведуваат самите стопанственици, а ние ја поддржуваме.

Ќе има мониторинг од страна на пазарната инспекција. Ќе се земат 10% најмалку намалување на цената на секој производ, на некои производи нормално и повеќе. Пазарната инспекциоја ќе биде излезена на терен во маркертите да увиди дали тоа е навистина така. Спрема законот за заштита на потрошувачи кога има одредени акции треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10% намалување, фактички на производите кои ги имаат понудено самите компании.

Ова е историска мерка затоа што за прв пат не е продуцирана од Владата и министерството за економија, туку од страна на бизнис секторот и затоа помалку е грижата кај сите нас и кај граѓаните дека самите би си ја изиграле мерката. Ако навистина ова е успешно ваква мерка ќе спроведуваме и понатаму во одредени делови од годината кога има зголемени трошоци и кога имаме големи празници како Велигден, Рамазан Бајрам, есенската кошничка и други“, истакна Ристески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи