Хуманитарен турнир во одбојка во ООУ „Добре Јованоски“ за малиот Амар



Младинските организации од средните училишта на ниво на градот Прилеп, на 13.12.2024 година организираат хуманитарен турнир во одбојка во соработка со училишниот парламент на ООУ „Добре Јованоски“ за ученикот Амар Ајвазоски, на кој му е потребна итна операција во Турција за подобрување на квалитетот на неговиот живот.

Ајвазоски боледува од церебрална парализа и итно му е потребно ова лекување во странство . Неговите родители не се во можност да ги соберат потребните средства и бараат помош од добронамерни граѓани и општествено одговорни компании. Секој е добредојден хуманитарниот турнир. Влезницата е 100 денари.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи