На 14/15.12.2024 во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп извршиле контрола во угостителски објекти во Прилеп за точење на алкохол на малолетници и присуство на малолетници после 24.00 часот. Притоа, во еден угостителски објект во Прилеп биле затекнати четири малолетни лица кои конзумирале алкохол. По документурање на настанот против лицата и против правното лице ќе следуваат соодветни поднесоци.