ти Министерот за внатрешни рабоПанче Тошковски потврди на прес конференција дека поранешен премиер и прв вицепремиер се дел од истрагата околу аферата со криминалот во Лотарија на Македонија. Според неофицијалните медиумски извештаи, освен Артан Груби дел од истрагата е и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, но Тошковски не ги изнесе имињата. Според информациите се проверува неговото работење и влијание во случајот.
Полициски екипи утринава вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден. Тошковски денес соопшти дека тој не е достапен и го повика ако е „чист како солза“, да се врати во земјата и да дозволи на институциите да ја истражат аферата. Тој му гарантираше и правда и лична безбедност и порача дека би сакал да верува дека е невин како што изјавува. Недостапен е и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, неофицијално пронајдена е поголема сума на пари, а Тошковски потврди дека се најдени 40.000 евра кај еден од обвинетите, а 20.000 евра кај друг.