По повод одбележувањето на 82-та годишнина од борбата кај манастирот Свети Никола, кај селото Прилепец, водена против бугарските окупаторски сили на 19.12.1942 година, членови на Општинските организации на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од ПРИЛЕП и КУМАНОВО, им оддадоа почит на загинатите борци:
- Народниот херој КИРО НАЦЕВ-ФЕТАК
- БОРКА СПАСЕСКИ-ВЛАЧАРОТ,
- СТЕВАН БАЗЕРКО-ЛАНСКИ,
- СТЕВАН ДИМЕСКИ-НИШТАКОТ,
- ДИМЧЕ МИРЧЕСКИ-БАЊАРОТ,
- ГОГА ЈАНКУЛОСКИ-БЕДОВ,
- ТРАЈЧЕ НАЈДОСКИ-СОКОЛЕ,
- БОШКО ЈОСИФОСКИ-КОРЧАГИН
- МЕТОДИЈА БОШКОСКИ-ЃУРЧИН
Во знак на почит кон загинатите борци на партизанскиот одредот „Ѓорче Петров“ во 1977 година подигнат е СПОМЕНИК, дело на скулпторот БОРИС НИКОЛОСКИ.
ВЕЧЕН СПОМЕН И СЛАВА НА ЗАГИНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА НА МАКЕДОНИЈА!