Денеска се собравме во Прилеп за да разговараме зошто Павле е се уште најмлад каде и да се појавиме меѓу нас колегите. Но тоа не е веќе ниту смешно, станува огромен проблем за нас и е главна хипотеза по која се водиме како Синдикат изминатите неколку години, истакна на денешната прес конференција во Прилеп, Павле Беловски, претседател на ССНМ.
„Ако изминатава децанија разговаравме постојано за тоа како да ја засилиме нашата безбедност, се изборивме за измени во Кривичниот законик да нападите врз новинарите да бидат напади врз службени лица. Како што бараме почитување на Етичкиот кодекс и да ја издигнеме на едно ново ниво нашата професионалност во нашата работа, така веќе во изминатиот период и овие неколку години ние постојано сме исправени пред предизвикот, а тоа е безбедноста на нашата егзистенција. Нешто преку кое веќе не можеме да поминеме и кое не може веќе да се пренабрегне туку-така.
Цела година ССНМ потроши квалитетно време да го посети секој град, секоја медиумска заедница, локална и регионална и за волја на вистината и на голема наша жалост доаѓаме до фрапантни заклучоци. 10-тина градови се во информациски мрак, значи ние немаме теми локални за кои се известува, немаме локални медиуми, немаме дописници, немаме цели мрежи кои згаснаа. Низ призма на бројки, над 375.000 наши граѓани се оставени без информации од локални теми, или во повеќе од 20 општини. Сето тоа се должи на нашата професија која освен што е десеткувана, неплатена, веќе никој ниту сака да партиципира во ние.
Затоа си дадовме задача да смогнеме сили како да ги надминеме овие состојби. Документот кој денеска ќе го презентираме се согласивме да се вика Манифест на локалните новинари и медиумски работници за подобрување на условите за работа. Од која точка и да почнам нема да ви биде непозната, затоа што овој документ произлегува токму од вас, локалните и регионалните медиумски работници и од вешето секојдневие. Само би ги навестил работите за кои ќе разговараат моите драги колеги кои се овде тука со мене, тоа се ниските плати, немањето средства и услови за работа, затворањето на локалните медиуми, намалената безбедност и вака нарушениот интегритет на нашата заедница од влијаниа и притисоци“, вели Беловски.