Кога ќе разговараме со луѓето кои не следат, нашата публика, нашата заедница медиумска, многумина прашуваат зарем државата не ви дава пари? Прво и основно повеќе од луѓето сметаат дека ние сме финансирани од некаде, рече на денешната прес конференција во Прилеп, Весна Коловска, новинар и член на ССНМ.
„Кога ќе им кажеме дека ние всушност едвај преживуваме и сме оставени сами да наоѓаме средства за наша егзистенција, кога ќе им кажеме податок што излезе од истражувањето што го спроведе РЕСИС заедно со ССНМ заедно, прво истражување од поголем тип, каде дојдовме до заклучок дека на локално ниво имаме во медиум по одвај 1 до 1,6 новинари, значи немаме ни двајца луѓе кои работат во медиум, тогаш за какво информирање да зборуваме. А чекувањата се огромни. Многупати кога разговараме со луѓето велат зошто не инсистирате, зошто не барате, зошто нема некој што би издвоил фонд за вас? Ние овде тоа го ставаме како едно од решенијата што ги предлагаме и моите колеги овде малку повеќе ќе зборуваат за тоа, но факт е дека најмалку зборуваме за себе, а тоа е нешто што треба да го промениме, нешто што го правиме сега со Манифестот. Ние секогаш би зборувале за прекршувањата на работничките права на текстилната индустрија, во градежништвото, а никогаш не зборуваме за нашите. Но еве сега е денот кога ќе зборуваме за тоа“, додаде Коловска.