Многу е значајно да се започне од некаде во борбата да се опстои во локалното новинарство. Овој документ е многу важен, затоа што ги истакнува проблемите, ги лоцира проблемите, но исто така има и одредени барања кои ги имаме ние како локални новинари и медиумски работници, кои се суштествени, бидејќи локалното новинарство, дописништво, изумира, истакна на денешната прес конференција во Прилеп, Гордана Цветаноска, новинар и член на ССНМ.
Многу се проблемите зошто изумира, но јас ќе кажам накратко, многу е важно да се знае дека медиумот има име, новинарот има име и презиме, медиумскиот работник има име и презиме, ние се соочуваме со лажни информации, се соочуваме со проблеми кои се однесуваат на нелојална конкуренција, бидејќи тоа се луѓе кои работат нешто и самите велат дека е новинарство. Такво новинарство не постои, ниту кај нас, ниту во светот. Затоа што ние имаме нелојална конкуренција, проблеми со авторските права, бидејќи нашите текстви, фотографии, видеа и аудиа се крадат од нелојалната конкуренција. Ние како медиуми сме практично едно топовско месо кое секој како сака може да го моделира. Но дојде време да кажеме дека не смееме така да одиме повеќе.
Во однос на документот кој е Манифест, зошто е Манифести, затоа што прецизно се означени проблемите и барањата. Меѓу нив има едно барање кое е од суштинска важност за демократијата во Македонија. Ако нема локални новинари, ако нема локални медиуми, луѓето кои немаат ниту новинари, ниту локални медиуми во средините како Ресен, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод, од овој регион, тие луѓе остануваат без суштествени информации кои се однесуваат на нивното живеење и опстанок. Потребно е создавање на една мрежа од регионални медиуми, кои би биле по принципот на некогашната мрежа на локални радио станици, која чинам тогаш беше по бројност од 30 локални радио станици, кои што работеа исклучиво за граѓаните од локално или регионално значење.
Доколку ова најбрзо не се случи, доколку ова најбрзо не се востанови, Македонија ќе остане без локални новинари и без локални медиуми“, рече Цветаноска.